16 Мај, 2024
0.0287

Скапата струја ја влече Европа назад

Објавено во: Анализа 24 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Европа се опоравува побавно од кризата, а економскиот раст е ограничен, а во основата на тоа се и високите енергетски трошоци. Цената на енергетските ресурси во Европа, во однос на САД и останатите водечки економии, е повисока, се наведува анализа на Financial Times. Разликата во трошоците за енергија меѓу ЕУ и главните трговски партнери на заедницата веќе беше спомената во извештајот на Европската комисија. Цената на струјата за индустриските корисници на Стариот континент е двојно повисока од онаа во САД и за 20% повисока од онаа во Кина. Ситуацијата во однос на цената на бензинот е уште полоша - меѓу три и четири пати над цената во САД и Русија. Не една анализа наведува дека причината за сериозната разлика со САД е шкрилци револуцијата. Преку океанот немаат ограничувања за екстракција на шкрилци гас, кој е со многу пониска цена. Повеќето индустрии веќе минуваат на оваа евтина суровина и забораваат за јаглен или други скапи извори на енергија. Сепак не смее да се заборават и еколошките обврски кои ги има ЕУ, потсетува уште FT. Строгите прописи и ветувањата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид исто го чинат скапо бизнисот во ЕУ. Владите во заедницата имаат обврски до 2020 година 20% од енергијата што  се користи да биде од обновливи извори. Цената на овој вид енергија се уште е многу висока, а производството добива стабилни субвенции од владите. Како едно од решенијата во оваа ситуација експертите ја посочуваат дозвола на екстракција на шкрилци гас и во Европа. Но европскиот принос ќе биде многу скап, предупредува весникот. Делумно причината за тоа е и повисоката густина на население на Стариот континент. Другата опција е намалувањето на субвенциите за секторот на обновливи извори - тоа исто така ги зголемува цените. За целта е важно и Брисел да не става обврзувачки цели во однос на учеството на енергијата од обновливи извори за секоја земја одделно. К.К.