17 Мај, 2024
0.0336

Скокна вредноста на биткоинот: Како дигиталната валута полека ја презема улогата на златото

Објавено во: Економија 09 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Најпопуларната криптовалута биткоин се врати на ниво над 50.000 долари во неделата вечерта. Биткоинот скокна за четири проценти вчера, а аналитичарите растот го припишуваат на американската масивна програма за стимулации вредна 1,9 милијарди (1,9 трилиони) долари.

Сенатот во саботата го усвои планот на претседателот Џо Бајден за закрепнување од пандемијата „Ковид-19“ од 1,9 трилиони американски долари, по целоноќната седница на која демократите имаа најмногу несогласувања во врска со надоместоците за невработеност, а републиканското малцинство не успеа да спроведе околу 30 амандмани. 

Пакетот вклучува 400 милијарди долари еднократно плаќање на повеќето Американци од 1.400 долари, 300 долари неделно за продолжени бенефиции за 9,5 милиони луѓе кои останаа без работа во кризата и 350 милијарди долари помош за државните и локалните власти чии буџети беа намалени поради пандемијата.

Растот на биткоин укажува на слаб долар на девизните пазари и подобрен апетит за ризик на берзите во понеделникот. Криптовалутата во голема мерка се движеше во спротивна насока од доларот и се однесуваше помалку или повеќе како акции / ризични средства од падот во март 2020 година.

Инвеститорите сè повеќе го доживуваат биткоинот како „чувар на вредноста“, па затоа во голем број портфолија ја презеде улогата што некогаш ја играше златото.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА