СКОПЈАНЕЦ НЕ ПЛАТИЛ ДАНОК И СИ ЗАЧУВАЛ СКОРО ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ, МВР го терети за „даночно затајување“
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Т.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот, во периодот од 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за секоја година поединечно, реализираните приливи на парични средства не ги пријавил како личен доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи како даночен орган.
Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 1.728.465 денари, а за себе во истиот износ прибавил противправна имотна корист.