29 Април, 2024
0.0255

Скопје доби уникатна поп ап продавница за мебел од метал

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Ентериерот од метал на новата поп ап продавница "Калико" е новиот тренд за да го освежите домот, канцеларијата или викендицата. Уникатните парчиња на "Калико" можете да ги најдете во трговскиот центар Сити Мол на првиот кат. На отварањето присуствуваа архитекти, бизнисмени и пријатели на компанијата.


„Овој пат се решивме да понудиме и нешто малку поинаку и да го преточиме нашето долгогодишно искуство, визија и естетика во една по урбана колекција достапна за сите. Се потрудивме да размислиме на секој аспект од денешното живеење и да имаат сите можност да си купат модерни и безвременски парчиња, кој ќе го збогатат вашиот дом и ќе донест нова убавина и енергија“ вели Ивана Јосимовска, архитектка и сопственичка на Калико поп ап продавницата.


Поп-ап сторот ќе биде отворен 2 месеца, декември и јануари и сите ќе имаат можност да си купат дизајнирни мали масички, клуб маси, декоративни елементи како држачи за весници, држачи за книги, закачалки со огледало. Ќе имаат ексклузивна можност да си порачаат полици од метал и дрво по мерка, како и детско катче кое е со уникатни полици за во ѕид, полици буква и уште многу интересни дизајни. 


„Моментално на пазарот постојат голем број на увозни парчиња мебел од овој тип кој не се со висок квалитет а имаат висока цена. Она што ние го нудиме е продукт со врвен квалитет, софистицирани дизајни кој буквално ќе останат во вашиот дом со генерации а носат иста цена како и споменатите увозни парчиња“ додава Јосимовска.


Калико како компанија 25 години работи на пазарот со рачна изработка на железо, креираат уникатни дизајни по нарачка, имаат работено за хотели, болници, државни објекти, но ова е прва поп ап продавница во која имаат  модерен и уникатен мебел.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг