04 Мај, 2024
0.0284

Скопје се гуши, гасификација ќе нема уште долго

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Наташа Стојановска

Бесплатниот превоз во автобусите на ЈСП е краткорочно мерка, и не е доволна за да го реши проблемот со загадениот воздух во Скопје. Еколошките друштва бараат одговорност од институциите, но и долгорочни мерки, со кои ќе се намали загадувањето. Граѓаните апелираат дека власта треба да ги каже и вистинските причини за загадениот воздух, и да се превземат соодвтени мерки. И додека загаденоста урива рекорди, политичките партии се препукуваат во чие време воздухот бил позагаден.

 Дел од  политичарите, како градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во обид да прибере политички поени на првиот бесплатен ден во ЈСП, се возеше со автобус на работа. Исто, како и пред еден месец кога министерот за животна средина Башким Амети,  се качи во автобус, откако претходно беше повикан да одговори колку често го користи јавниот превоз. 

Исто како и Трајановски, така и за министерот Амети, потоа се тврдеше дека граѓани случајно ги сликале оти се возат во автобус и  потоа сликите ги пратиле во медумите. Министерот Амети, потоа јавно веќе не го видовме да се вози со автобус, останува да се види дали Трајановски, ќе доаѓа на работа со автобус и во следните денови.  

Енормна загаденост во Карпош. Што утврдија анализите?

Од осум месечната анализа со која се мерел квалитетот на воздухот во Карпош добиени сеподатоци за концентрацијата на тешки метали и полициклични ароматични јаглеводороди, главните јони (Ca, Cl, K, Mg, оксалат, Na, NH4, NO3, SO4), левоглукосан и црниот јаглерод во PM10.  

Врз основа на тоа, од Министерството за животна средина објаснуваат дека затоплувањето со дрва и издувните гасови од автомобилите се клучните фактори за загадување.  

„Од спроведената мерна кампања во Карпош евидентно се забележува надминување на годишната целна вредност на бензо(а)пиренот, супстанца чиј главен извор во атмосферата претставува затоплувањето со дрва во резиденцијалниот сектор. Секако голем удел имаат издувните гасови на авотомобилите особено од дизел моторите, како и од процесите на непотполното согорувањето на материи кои содржат јаглерод како нафта, дрво, отпад или јаглен“ велат за Фактор од Министерството за животна средина.

При тоа се посочува дека годишните целни вредности на арсен, кадмиум и никел и годишната гранична вредност на олово во текот на мерната капања не биленадминати.

Прекуграничниот пренос на загадувањето учествува со мал процент. Затоплувањето на домовите и институциите најголем загадувач  

Споредбатана добиените податоцисоона што се дозволени-гранични вредности есамо индикативна,велат од Министерството за животна средина,бидејќи мерењата треба да продолжат во текот една цела година со еднаква распространетост во текот на годинатаза да се исполнатцелите за квалитетот на податоци од законодавството.Сепак, конкретно било утврдено дека зазагадувањето на воздухот и појавата на зголемени концентрации на PM10,има пет главни изворикоиучествуватсо различен процент.

„Утврдено е декаресуспензијата на почвата, која во себе може да содржи и одредено старо индустриско загадување има удел од 19%. Емисиите кои произлегуваат од согорувањето на горивото во сообраќајот учествуваат со 19%. Додека пак согорувањето на биомаса, односно емисиите кои се резултат на согорувањето на горивото при затоплувањето на домовите и административните установи има удел од 32%.

Сулфатните соли имаат удел од 7% во масата на PM10 и истите претставуваат секундарна загадувачка супстанца од реакцијата на сулфур диоксидот кој е емитиран од извор на сулфур диоксид лоциран подалеку од мерното место и амонијакот во загадениот воздух. Додека пак уделот на индустријаво загадувањетто на воздухотизнесува 18%.

„Останатите три извори (нитратни соли, прекуграничен пренос на загадувачките супстанци (LRT) и морска сол) имаат само мал удел во масата на PM10 во станицата во Карпош, и истите се должат на прекуграничниот пренос на загадувањето,велат од Министерството за животна средина.

Децениски најавуваниот проект за гасификација ќе се чека уште долго

Самиот факт што и анализите покажале дека најголем проблем за загадениот воздух е тоа начинот на греењето, е потврда за промашената енергетска политика на владејачката гарнитура, која ниту по десет години не успеа да ја реализира најавената гасификација. Напротив проектот се најавуваше на секои избори, и одложуваше по нивното завршување, а дури сега се почнува со изгардба на главната мрежа, додека за дистрибитивната мрежа во Скопје се уште се бара модел, откако претходниот беше поништен. 

Па така, гасификацијата нема да се реализира уште долги години. Не се реализраше ниту најавата за трамвај во Скопје, а единствено се замени возниот парк на ЈСП Скопје. Но, истовремено беше дозволен увоз на стари автомобили , кои сега се гледа дека имаат големо учество во загадувањето на воздухот.

Последната анализа за квалитетот на воздухот во Каропош е направена во периодот од август 2015 година до крајот на март минатата година.Осум месеци траеле мерењата, по што се правеле анализите.

„Земањето на најголемиот дел од примероците се вршеше секој трети ден од страна на МЖСПП, а помал дел од страна на Технолаб, Македонија. Хемиската анализа на составот на PM10 на поголем дел од земените примероци се изврши во акредитирани лаборатории во Финска (Фински метеоролошки институт и Финскиот институт за животна средина), додека пак еден дел од примероците беа анализирани во Институтот за заштита на трудот од Србија, кој беше подизведувач на Технолаб од Македонија,објаснуваат од Министерството за животна средина.

Мерното место Карпош во Скопјебилоизбрано затоа штостанува збор замерно место каде што нема директно влијание на ниту еден извор на загадување. Ваков тип на мерно место вообичаено се користи за имплементација на ПМФ моделот кој се применува за одредување на процентуалниот удел на различните изворите на загадување, појаснуваат од ресорното министерсвото, а аналзите се правеле ворамките на Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот“, се реализираше мерна кампања за одредување на составот на суспендираните честички со големина до 10 микрометри.

Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска