27 Април, 2024
0.0272

„Скопје Сити Мол“ го слави секој ден како ден на жената

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Сè што сакам е секој ден да е денот на жената

Како и секоја година така и оваа, „Скопје Сити Мол“ обрнува посебно внимание на женскиот пол, но на малку поинаков начин од вообичаениот. Инспирирани од водечкиот слоган на „Скопје Сити Мол“, кампањата по повод Денот на жената е на темата „Сè што сакам за неа“.

Идејата на кампањата е да предизвика секој од нас да се запраша што е тоа што им го посакува на жените во својот живот, без оглед на нивната улога како ќерка, мајка, баба, внука, сопруга или пак другарка. „Користејќи впечатливи и интересни пораки, се надеваме дека ќе успееме да ги инспирираме сите овој 8 Март да го честитаат со една поинаква порака, во која ќе им споделат сè што вистински и од срце им посакуваат. За овој празник би им посакале на нашите посетители да не останат само на честитка бидејќи делата се она што е потребно. Денот на жената е секој ден само ако покажуваме љубов и почит кон жената секој еден ден и ѝ овозможиме таа да се искажува и изразува на начинот на кој  сака, но и да ги следи своите соништа“ – споделија од тимот на „Скопје Сити Мол“.

Од 6 до 8 март во самиот мол ќе биде поставена инсталацијата „Земи картичка, посакај желба“, во вид на големо пано од коe посетителите може да си подигнат честитка со желби, која можат да ја подарат на некоја ним драга женска личност, а со тоа и да ја откријат скриената порака зад картичките.

Во текот на тие денови забавата за сите генерации е надополнета и со тематскиот Photo Booth, каде што сите посетители може да се фотографираат држејќи пораки и желби ЗА НЕА, па подоцна и да ги искористат фотографиите во својата персонализирана честитка.

Воедно, во периодот од 5 до 8 март кај главниот влез ќе се одржува и осмомартовски базар на кој ќе се претстават 26 модерни ракотворци.

Со уникатни колекции, рачноизработени, ќе се претстават: Zen.Zeal, Frankly concept & gift-shop, BLOOM, Solar Creations, Nebula Jewelry, АКРЕА, Медена, Ваша мала башта, Infinity accessories, La Soy & LA CHA, Блумен и Арт, Small piece of joy, Igneа eco aroma cosmetic, Елена Ристовска, MORPHO, Julia Barbun, Esoapery, Love Corner, Пекара Ваташа, Џули Декупаж, Epoxy handmade by clay, Девојчето со книгите, Cariño handmade gifts and accessories, Filigree LARGO, MH Candle Co и KP Crafts.

Креативците, кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената, ќе се претстават со широк спектар производи преку кои авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, преку моделирање на наративите од инспиративното секојдневје.

Посетете го вашиот и наш „Скопје Сити Мол“, каде што ве очекуваат незаборавни мигови, интересни активности за сите, но и голем празничен шопинг.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг