30 Април, 2024
0.9324

Скриените пораки на брендовите

Објавено во: Анализа 21 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Сублиминалните пораки имаат цел да допрат до несвесниот дел од нашиот ум. Веројатно сте слушнале за  нив. Како големите компании се обидуваат да пратат несвесни пораки, кои треба да упатат стимул до нашиот мозок, со цел да правиме некои активности и без да бидеме свесни за нив. Некои истражувања покажеле дека овие пораки активираат делови од нашиот мозок, без ние да бидеме свесни за нив.

Овие пораки може да се пуштат во аудио или визуелна форма. Правени се истражувања каде на две групи им е пиштана музика која содржи и не содржи вакви пораки. Потоа на двете групи им е кажано да се обидат да се сетат што сонувале изминатите денови и тоа да го нацртаат на хартија. Резултатот покажал дека групата која добивала вакви пораки, цртала цртежи слични на пораки, додека останатите цртале неповрзани работи.

Со оглед на тоа дека се работи за свесно манипулирање на масите. Компаниите секако дека ги негираат ваквите активности.

Во овој текст ќе ви покажеме логоа на неколку компании, па Вие решете дали тие содржат вакви типови на скриени пораки.

 

Ова и не е така страшно, а можеби и ви е очигледно. Зборот TOUR  како што гледате има елементи на велосипедист. Се работи за спорт, па и доколку некој ве потикне да возите точак и не е така опасно.

 

Тоблероне во логото има мечка. Мечката е скриена  но пораката не е страшна, бидејќи мечката е ставена како симбол на градот каде чоколадото е за прв пат произведено.

 

Сте нарачувале ли преку Амазон. Таму има се од А до З (последната буква во азбуката во САД). Стрелката доле има за цел да ви го каже токму тоа.

Тоситос чипсови кај нема, но ако некогаш дојдат, може да видите дека на средина на логото буквите личат како среќни луѓе кои се забавуваат јадеќи чипс. Навистина инвентивен дизајн.

 

И за крај одлична порака од Кока Кола за Данците. Знамето е во боите на компанијата и убаво е вметнато во логото, за тамошната кампања. Кој е патриот повеќе ќе пие, веројатно.

Редакција Фактор