04 Мај, 2024
0.0238

Слатко задоволство: Компанијата Ferrero останува во рацете на фамилијата!

Објавено во: Анализа 03 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Влијателни инвестициски банкари одамна кружат околу  производителот на Nutella Фереро. Но италијанската компанија која исто така ги произведува и бонбоните TicTac, како и најпопуларните чоколадни јајца со изненадувања, ќе остане целосно во рацете на семејството Фереро. Можните конкуренти како Марс и Нестле многукртно се обидуваат да ги придобијат позициите во компанијата, но според информации на изворите Фереро ги “сече“ прехранбените Корпорации. Дури и злоупотребата на огромните средства на компанијата не може да го убеди сопственикот Џовани Фереро да продава. Најбогатиот човек во Италија појаснува во едно од ретките интервјуа дека не планира никаква продажба на поголем конкурент. Компанијата никогаш во историјата не подлегнала на таква политика, тоа нема да го направи ни сега, потврдува сопственикот, цитиран од The Wall Street Journal. "Почнавме како фамилијарна компанија и сакаме да останеме таква", вели 49-годишниот претприемач. Наместо тоа Ferrero сака да расте ограничено. Компанијата планира во следните десет години да порасне двојно во однос на денес. За таа цел Ferrero сака да се отцепи од европскиот внатрешен пазар и да навлезе посилно во Азија и САД. Уште 80 отсто од продажбата се реализираат во Европа. Со оваа стратегија за раст Ferrero фрла ракавица на доминантните во Азија и САД корпорациски гиганти како Марс и Hershey. "Секој ден ние имаме се повеќе самодоверба дека можеме да победиме таму", изјави Фереро. "И откако ќе го направиме тоа , за нас нема да има проблем поврзан со нашата релативно мала моќ во споредба со нашите конкуренти". Фереро е четвртиот по големина производител на чоколадо во светот и има пазарен удел од околу 8 проценти. За споредба - трет по големина Nestlé си гарантира според пазарниот истражувач Euromonitor околу 12 проценти од пазарот на приходи. Семејната компанија која оваа година веројатно ќе ја  надмине границата од 8 милијарди евра како приходи , своето дејствување го започна за време на Втората светска војна . Дедото на Фереро Пјетро во 1942 година отвара мала слаткарница во Алба , во реонот на Торино . За време на војната било многу тешко да се снабдува со какао. Затоа Пјетро решава да користи ореви од локален добавувач . Од нив слаткарот формира импровозирано чоколадно задоволство.  И така од оваа потреба се раѓа познатиот Nutella крем , кој денес е неопходен за секое италијанско домаќинство, а како што знаеме Нутелата е препознатлив бренд и во Македонија. Неодамна Фактор пишуваше дека и македонски компании произведуваат лешници за Нутела, па најновите вести од Италија секако се добредојдени и за овдешните бизнис релации. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад