29 Април, 2024
0.0255

СЛАВАТ ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - Фондот за осигурување депозити да се наплати последен, на потег е стечајниот судија

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Конечно се израдуваа штедачите од Еуростандард банка. Велат дека Одборот на доверители одлучил Фондот за осигурување на депозити да го наплати своето побарување дури после штедачите и фирмите депоненти, со што за нив ќе има доволно пари да бидат обештетени, односно за околу 3.000 правни и физички лица. Стечајниот управник врз основа на таа одлука изготвил план за распределба, и сега, како што објаснуваат, на потег е стечајниот судија кој треба да го потврди вакциот план и тој да почне да се реализира.
„Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Вака одлучил Одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе започне исплатата на доверителите на пропаднатата банка“, се вели во известувањето од Здружението на оштетени штедачи од пропаднатата Еуростандард банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка смета дека вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса.

„Притоа, особено треба да се има во предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе во предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од Одборот на доверители. При што се земени предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката“, велат штедачите.

Затоа, според нивв, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и сеуште наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. 
„Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите - физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување.

Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно Законот за облигациони односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение да го спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка.

Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, се вели во соопштението од оштетените штедачи. 

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?