СЛАВЧО ФИЛИПОВ ИМЕНУВАН ЗА НЕИЗВРШЕН ЧЛЕН - се комплетира Одборот на директори на Берзата
Објавено во: Финансии 16 Јуни, 2022
Славчо Филипов е именуван за нов неизвршен член на Одборот на директори на Берзата.
За тоа е објавено известување во делот објави од друштва на слободен пазар.
Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на ден 26.05.2022 година Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именуван г-дин Славчо Филипчев“, се наведува во објавата од Берзата.