Славчо кој ги предвиде поплавите со предупредување: Еве што прогнозира за утре
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2017
Во текот на утрешниот ден (02.07.2017) времето во државава во претпладневните часови ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО додека од попладневните часови па натаму ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради продорот на свежа воздушна маса од север која ќе се судри со тропскиот бран кој се наоѓа над нас ќе има услови локално процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град, тврди Славчо Попоски метеорологот кој што ги предвиде кобните поплави од 6 август 2016.
Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 30 до 40 степени. Во вечерните часови особено Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер со што температурите на воздухот ќе започнат да опаѓаат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА НЕ ПРЕТСТОЈУВАТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА, ИСТО ТАКА ДА НЕ СЕ ЗБОРУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА СЕ ВРШАТ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ПРАЗНЕЊА А ОВЧАРИТЕ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ СТАДА ОДНОСНО ДА ГИ ДЕЛАТ ВО ПОВЕЌЕ ГРУПИ.