Славчо Попоски највува големо затоплување на времето
Објавено во: Македонија 21 Март, 2022
Метеорологот Славчо Попоски највува големо затоплување на времето, и вели дека конечно ќе се збогуваме со зимата.
Вели дека првите неколку дена од пролетта ќе бидат невообичаено студени и ќе наликуваат повеќе на зимски и минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели. Вели дека дека овие температури се невообичаено ниски за овој период од годината.
„Ќе биде и доста ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот најизразен ќе биде во текот на утрешниот ден, кога понекаде ќе биде и силен и ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Поради ваквата состојба на граѓаните ги советуваме да бидат внимателни. Крајно внимателни да бидат и возачите, односно своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата. Значително потопло и пролетно време и со многу сонце ќе биде од средината на оваа недела, па натаму кога температурите ќе се искачат дури и до 20 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и до околу 23 степени, односно истите низ државава ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, и тоа особено кон крајот на оваа работна недела. Сево ова е поради продорот на топла воздушна маса од јужните географски широчини која се очекува да продре како што најавивме од средината на оваа недела па натаму. Ова е најава дека пролетта полека но сигурно ќе започне да се буди! Инаку, според моменталните анализи со кои располагаме, оваа пролет ќе имаме доста топли денови и таа треба да биде потопла од вообичаеното. Врнежите пак треба да бидат околу просекот, што значи се очекува нормално количество на врнежи како за пролетно време“, рече Попоски.
Сепак повремено не се исклучуваат и продори на постудени воздушни маси од север кој би условиле и постудено време од вообичаеното.