27 Април, 2024
0.0344

Слика на Пикасо продадена за 33 милиони евра

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

На вчерашната аукцијата во Лондон за 28,6 милиони фунти (33,2 милиони евра) е продадено делото на Пабло Пикасо од 1932 година, портрет на неговата муза Мари-Терез Валтер, јави аукциската куќа Сотеби.

Сликата „Жена која седи кај прозорецот“ (Femme asise pred d'une fenetre), масло на платно со величина 146 на 114 сантиметри, главното дело во групата на импресионистички и модерни слики понудени во Сотеби, била проценета на меѓу 25 и 35 милиони фунти. Сликата, сопственост на еден европски колекционер, ја купил непознат купец преку телефон. Делото е едно од серијата портрети, кои во текот на изложбата организирана во Париз во 1932 година ја обелоденија врската на Пикасо со Мари-Терез, во време кога тој бил оженет со танчерката, Олга Хохлова.

Цената која е добиена за овој портрет далеку е од онаа достигната за една друга слика на Пикасо, исто со Мари-Терез, исто така од 1932 година, „Nu au plateau de scuplteur“  продадена за 106,48 милиони долари на 4 мај 2010 година во Кристи во Њујорк.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти