Сликал гласачко ливче, полицијата го привела
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017
Полицијата приведе гласач од Ѓорче Петров кој е откриен како го фотографирал гласачкото ливче.
„Во 15.15 часот во полициската станица Ѓорче Петров приведено е лицето Д. С. (1982) бидејќи на гласачко место во основното училиште „Ѓорче Петров“ го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон“, соопшти полицијата.
Од таму доадаваат дека гласањето било во прекин од 15 и 15 до 15 и 20 часот.