30 Април, 2024
0.0235

Слободанка Јовановска, „Утрински весник“: Не можеме да кажеме дека имаме позитивен извештај!

Објавено во: Анализа 19 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Јасно е дека извештајот пракитчно регистрира статус кво состојба, дека не може да буде наречен позитивен, бидејќи по пети пат добиваме препорака само за да не ни биде одземена. Извештајот внатре содржи многу забелешки и за прв пат што е новитет во извештајот голем простор се дава на економските теми. За прв пат економијата и справувањето со финасиските прашања се издига на ниво на услов, рамен на политичките критериуми. Практично од нас се бара да се прилагодуваме на мерките кои ЕУ веќе ги превзеде за да се справи со еврокризата и особено кризата во Грција, што пак е практично строга фискална дицисплина. Според мене Македонија, Турција и Босна и Херцеговина беа црни точки на Штефан Филе, ова се единствени три земји кои не добија никаков чекор напред, никакво охрабрување. Од забелешките би ги издвоила како најсилни, има многу сериозни критики за јавната админстрација, каде што освен политизација стои и ставот дека дури и почетничките позиции се бираат на партиска линија и каде што исто така стои ставот дека можноста да се дојде на власт се корсити за да се стават под политичка контрола сите инстутиции, надвор од нормалното сфаќање за превземање на власта. Исто така сериозна забелешка имаме и кај судството, каде се вели дека во намера да се биде ефикасен се „штанцаат“ пресуди кои практично не обезбедуваат правда. За медиумите силна е реториката, но разочара изјавата на еврокомесарот Филе, кој практично потврди немоќ да влијае на состојбата.
Фактор Ви ги презентира ставовите на дел од македонските новинари за извештајот на ЕК.