24 Октомври, 2017
0.4410
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Словенија понуди техничка и експертска помош за јакнење на капацитетите на Платежната агенција

Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2017

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за земјоделска трговија  и рурален развој на Република Словенија, Бенедикт Јеранко. На средбата присутвуваа и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец и директорот на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николчо Бабовски.

Директорот на словенечката агенција Јеранко, изрази подготвеност за техничка и експертска помош како и пренос на искуствува во областа на директните плаќања за земјоделство, јакнење на капацитетитена Платежната агенција и процесот на акредитација на мерките од ИПАРД Програмата.

Македонската Платежна агенција е подготвена за соработка со словенечката агенција и за искористување на искуствата како во делот на директните плаќања, така и во процесот на поголема искористеност на парите од европските фондови.

Соработката со Словенија е од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство, бидејќи Словенија важи за еден од поефикасните корисници на финансиските средства од европските фондови за рурален развој. Искуствата од Словенија како и понудената експертска помош, се важни за поголема апсорпција на парите од ИПАРД Програмата. 

Дополнително, со Владата на Република Словенија е веќе договорена соработка во делот на јакнење на капацитетите и функционирањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и помош во јакнење на советодавните служби како што е Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.  Во следниот период е предвидено е да дојдат експерти од Словенија, кои ќе понудат техничка поддршка,  со цел да се усоврши нивото на советодавната служба во областа на земјоделството во Македонија, што е важно за правилна едукација на земјоделците и за целокупниот развој на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

СОБИРАЊЕ НА ПЕЧУРКИ: Едно семејство во сезона може да заработи над 2000 евра

СОБИРАЊЕ НА ПЕЧУРКИ: Едно семејство во сезона може да заработи над 2000 евра

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?