26 Април, 2024
0.2294

„СЛУЧАЈ ТРАНСПОРТЕР2“: Проширена истрага за вработени во општината и градоначалникот на Битола

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по Наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска со предметот со кодно име „Транспортер 2“ (кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година), до ОЈО Битола поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела - “несовесно работење во службата“ (предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ) и “злоупотреба на службена положба и овластување“ (предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ), соопшти МВР.

Имено, како што се посочува лицата С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. В.Т., Градоначалник на Општина Битола, донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица –превозници од Битола.

Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица