02 Мај, 2024
0.0255

Случајот „Швајцарски франк“, победа на Давид против Голијат! (втор дел)

Објавено во: Анализа 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Пресудата што стигна мината недела од Загреб е класична победа на Давид против Голијат. На банките им е наложено да направат нови пресметки, а на задолжените им се отвора можност по пат на приватни тужби да ги бараат парите што банките ги наплатиле незаконски. Никој не знае за колку пари се работи, претпоставките одат од 2 до 2,5 милијарди евра, пари што банките ќе треба да ги вратат.

Би било убаво кога се би завршила тука, но, за жал, целата приказна можеби токму ќе почне со оваа пресуда. Банките имаат право да се жалат во рок од десетина дена и потоа ќе почнат вистинската драма и вистинската завршница за овој случај. Пред да дискутираме за последиците од расплетот од оваа приказна, повторно да одиме на почетокот. Дали овие луѓе, кога потпишувале договор за кредит, знаеле на какви ризици се изложуваат? Според судот, тие биле манипулирани од банките. Тогаш што е со оние што имаат кредити во евра, дали доколку куната утре падне во однос на еврото и овие корисници на кредит може да се пријават како манипулирани? Кога сме веќе кај кредити во евра, дали знаете дека голем дел од нашите кредити се врзани за еврото. Досега имаме стабилен курс и немаме проблем, но да претпоставиме дека утре едно евро ќе биде 90 денари. Вашиот станбен кредит од 20.000 евра, или 1.200.000 денари, ќе си остане кредит од 20.000 евра, но ќе треба да вратите 1.800.000 денари. И тоа без пресметани нови камати на овој повисок износ. Со само една промена на курсот. Не сугерираме дека ова ќе се случи, но тоа е ризикот што го имаме кога имаме кредит со валутна клаузула. Тешко е да се верува дека целиот случај ќе заврши со првичната пресуда. Пред се затоа што тоа отвора многу нови проблеми, на пример, зошто фирмите што имаат кредити во франци да не смеат да тужат или како што кажавме луѓето што имаат кредити во евра може во иднина да тужат доколку имаат потреба. Веројатно сценарио е дека ќе има некаков договор меѓу банките и засегнатите граѓани. Можни сценарија се да бидат намалени каматите, кредитите да се конвертираат во евра и слично. Во време на тешка економска криза, не е за верување дека државата законски ќе им зададе удар од неколку милијарди евра на банките. Сепак, нивното значење за системот е доста поголемо. Овој случај како многупати досега покажува дека многу е тешко да се најде правилно решение за заштита на потрошувачките права. Факт е дека банките знаат да бидат манипулативни, но зарем тоа дава право луѓето што влегуваат во страшни ризици да немаат поим за тоа. Одговорот не може да биде - не знаевме, не изманипулираа. Но, што ќе се случеше доколку франкот паднеше во однос на куната? Ратите од истата причина ќе биле помали. Дали тогаш некој ќе се бунеше дека ратата станала помала. За волја на вистината, ова сценарио уште од почетокот не е баш остварливо, но е во доменот на можностите. Поентата е дека мора да постојат силни законски решенија, кои ќе ги штитат правата на потрошувачите, особено кога се работи за одлуки со кои мора да живеете наредните 20 години од вашиот живот. Од друга страна, потрошувачите мора да бидат стимулирани да се обидуваат да размислуваат и да бараат совети пред да донесат токму такви одлуки. Идеално решение уште долго време нема да има, затоа народната изрека трипати мери, еднаш сечи треба неколкупати да си ја повториме пред да донесеме некоја голема одлука. М.Д.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад