26 Април, 2024
0.0291

Службен телефон се поголем „луксуз“ за македонските фирми

Објавено во: Економија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските фирми лани исклучиле околу 31.000 мобилни телефони, односно бил укинат секој десетти службен број за да ги скратат трошоците во услови на продолжена политичка и економска криза. Според податоците од Агенцијата за електронски комуникации, во 2016 година е забележан пад на деловните пост- пејд претплатници од 10,35 отсто, односно нивниот број на крајот од годината изнесува 269.101 корисник. Инаку, на крајот од претходната 2015 година мобилните оператори во земјава имале вкупно 300.158 деловни корисници.

Главната причина за вака драстичниот пад на деловните претплатници лежи пред се потешките услови за работа на фирмите поради силните политички потреси во последниве години, кои создаваа несигурна деловна клима. Многу фирми, за да опстојат во овие економски несигурни времиња преземаат мерки за штедење, со кои се откажуваат од дел од земените броеви.

Во ваква ситуација, и вообичаено високопрофитабилните телекомуникациските компании се соочуваат со намалени приходи од своите услуги. Во минатата година е забележан пад од 1,59 отсто на бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во споредба со претходната година.

Податоците на АЕК покажуваат дека мобилните корисници лани разговарале речиси на исто ниво како во претходната година, односно оствариле минимално зголемување на реализираниот сообраќај во минути од 1,42 отсто. Но, воочливо е дека раст има единствено на сообраќајот во сопствена мобилна мрежа (6,04 отсто), додека се забележува силен пад на сообраќајот кон сите други дестинации, како мобилни (-10,58 отсто) и фиксни мрежи (-51,41 отсто) на други оператори, мрежи во странски држави (-25,50)  и во роаминг (-11,18).

Исто така, може да се забележи намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос

на 2015 година кое изнесува 5,33 отсто, а кај вкупниот број на испратени ММС пораки во 2016 година има пад од 1,68 отсто во однос на претходната година.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9