14 Мај, 2024
0.0268

СМЕНА ВО ВРВОТ НА ИЗВРШИТЕЛСКАТА КОМОРА - станува ли неатрактивна една од досега највносните професии

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Комората на извршители има ново раководство. Претседател стана Ванчо Марковски, на местото на досегашниот прв човек Зоран Димов. Оваа промена вчера беше евидентирана во Централниот регистар на земјава.

Како дојде до смена во врвот на една од најмоќните асоцијации во земјава, каде членуваат извршителите, или претставници на фелата која во минатото често, можеби и најмногу, беше критикувана и непопуларна кај граѓаните.

Фактор разговараше на оваа тема со досегашниот прв човек на комората, Зоран Димов.

Тој вели дека нему му истекол тригодишниот мандат, а на конкурсот кој се одржал неодамна за избор на нов претседател, Димов не се ни кандидирал. Се пријавиле двајца кандидати, извршителите Роза Родиќ и Ванчо Марковски. Марковски на гласањето освоил еден глас повеќе од потребното за да биде избран, што значи дека изборот е легитимен и тој ќе може во следните три години да ги претставува интересите на извршителската дејност.

Зоран Димов за Фактор вели дека тој не сакал да се кандидира, односно да влезе во нова трка за прв човек на извршителите, бидејќи таа дејност, како што нагласува, поради намалувањето на извршителските тарифи во последните неколку години, се довела до границата на издржливост.

„Ставот на Министерството за правда во изминатите години беше дека треба да се намалуваат извршителските тарифи, и тие се симнаа до едно бескрајно ниско ниво, практично до границата на издржливост. Најголемиот дел од тарифите за предметите од комуналната дејност се намалија дури и за 600 до 700 проценти, што ја направи крајно неатрактивна извршителската дејност. Нормално е дека во такви околности кај одреден број од колегите се јави извесно незадоволство“, вели Димов.

Тој укажува дека во оваа криза поради намалувањето на тарифите најлесно поминале оние големи извршители, кои се и најбогати, односно со најголем број предмети и највисоки заработувачки. Или, годишните зработувачки на некои од тие извршители се движеле меѓу 300 и 700 илјади евра.

„Токму тие извршители кои и заради тоа во изминатиов период го навлекоа гневот на јавноста кон целата извршителска фела, полесно поминаа. Тоа се можеби околу 10 отсто од вкупната бројка. Другите кои се помали чувствуваат големи последици од намалувањето на тарифите. Многумина дури и ја напуштија дејноста, бидејќи таа работа едноставно веќе не се исплати, не е атрактивна. Штета е што на тој начин губиме едуцирани и обучени луѓе, но за нив стануваат поатрактивни другите дејности. Само во овој месец тројца извршители ја напуштија работата и професионалнија фатија нов правец“, вели Димов.  

Инаку, во земјава работат околу 90 извршители, но според Димов, сега веќе не се знае точниот број со оглед на откажувањето од дејноста на некои колеги, а дел, пак, набргу треба да заминат во пензија.

Многумина од извршителите се жалеле дека со овие приходи што сега ги остваруваат не можеле да ја плаќаат дури и членарината од 100 евра. Новиот претседател Марковски во својата програма имал ветување дека членарината ќе се намали на 50 евра, и како што вели Димов, извршителите ќе очекуваат дека тоа ветување и ќе биде исполнето.

Инаку, според Димов, револтот на јавноста кон извршителската фела не е оправдан. Вели дека тоа е една многу сериозна и тешка работа. Извршителите, нагласува Димов, успеаја да вратат ненаплатени пари кон доверителите и кон стопанството сума од 1,7 милијарди евра.

„Извршителите се многу важни и за странските инвеститори. Тие нема да влезат и да инвестираат во една држава доколку не се сигурни дека ќе биде обезбедена брза и сигурна наплата на нивните побарувања“, објаснува Димов.

Одредени анализи покажале дека само еден отсто од граѓаните се под удар на извршителите, или, од околу 20 милиони сметки годишно, кај извршителите стигнале 200 илјади предмети. Секако, ова се груби проценки кои ги покажале анализите на Комората на извршители.

Како што е познато, за време на вонредната состојба беше стопирано извршувањето, но кон крајот на јули, по пауза од четири месеци, повторно се активираа извршителите со испраќање на решенија за присилна наплата до должниците и нивните работодавачи, како и со блокирање на банкарските сметки.

Во јануари годинава, пак, се направија законски измени во Законот за извршување, за кои тогашната министерка Рената Дескоска соопшти со нив се иззезмени од присилно извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош  од социјалната заштита,  примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност  на старите лица, согласно прописите за нивна социјална сигурност. Исто така, извршувањето се ограничи на една петтина, наместо како дотогаш на една третина од платата и пензијата.

Фактор неодамна анализираше колку заработуваат домашните извршители. Податоците покажуваат дека лани извршителската индустрија вработувала 555 лица. Сите извршителски канцеларии заедно оствариле вкупен приход од 13,4 милиони евра.Расходите за нивното работење лани изнесуваат 8,4 милиони евра. Нето приходот пред оданочување (добивката н.з.) односно извршителските награди на ниво на гранка изнесуваат пет милиони евра. Просечната плата на вработен во извршителска канцеларија лани била 21.904 денари.

Извршителите, откако беа намалени извршителските награди, протестираа со тоа што не ги отворија своите канцеларии, протестирајќи против новиот Тарифник во септември 2018 пред Министерството за правда, а според кој максималната награда што може да ја земе еден извршител, се намалува од 1.000 евра, на 300 евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра