02 Мај, 2024
0.0241

Смокви, кајсии и сливи: Народен лек за болки во грбот и нозете

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Болките во грбот и нозете обично се појавуваат од премногу долгото седење или од тешки физички работи.

И Вие ли сте од многуте луѓе кои имаат болки во грбот и нозете или пак некој ваш близок страда од ова?

Можеби имаме решение на проблемот.

За да се справите со овие болки во грбот и нозете, бабите порачуваат да се обратите кон сушеното овошје.

Овој народен лесен рецепт ветува позитивни резултати по само неколку дена конзумирање, па зошто да не се обидете? За помалку од два месеци може да се очекува и целосно излекување, ако болките се предизвикани од прекумерно седење.

Рецептот е едноставен. Секоја вечер пред спиење, во рок од еден до два месеца треба да јадете 1 сува смоква, 1 сува кајсија и 5 суви сливи. Овие плодови содржат супстанции кои доведуваат до обновување на ткивото, и го заздравуваат како и зајакнуваат.

Секој плод одделно содржи некои елементи и супстанции, а нивната комбинација дава добри резултати.

Вреди да се обидете, нели?

Научниците од Универзитетот во Флорида го истражуваат позитивното влијание на сушените сливи на остеопорозата.

„Во мојата кариера сум тестирал повеќе овошје, вклучувајќи смокви, урми, јагоди и суво грозје, и ниту една од нив не доведе до толку добар ефект врз коскената густина, како сувите сливи. Сите овошја и зеленчук имаат позитивен ефект во однос на исхраната, но од гледна точка за здравјето на коските, овој плод е извонреден“, велат научниците.