29 Април, 2024
0.0259

СН Осигурителен Брокер АД Битола ја исплати годишната камата од 6 отсто на имателите на корпоративна обврзница

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

СН Осигурителен Брокер АД Битола им исплати камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница на СН Осигурителен Брокер со ИСИН код MKSNOB200014 и шифра на тргување SNBTO.

Каматата исплатена во текот на денешниот ден (1.03.2024) е втора по ред, додека првата исплата беше реализирана на 1 март 2023 година. Право на камата имаат лицата регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница - емисија на издавачот СН Осигурителен Брокер АД Битола во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје .

За илустрација, секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер, со добивањето на каматата остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата. Ова е највисоката камата не само од корпоративна обврзница, туку споредено и со други финансиски инструменти, бидејќи истиот износ средства вложен во класичен банкарски депозит односно орочен штеден влог во денари или евра, носи помал принос.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.

Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период. Каматата се пресметува и се исплаќа во денари.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг