18 Мај, 2024
0.2297

Со добра идеја до бизнис од 2,5 милијарди долари!

Објавено во: Стил 04 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Што значи добра идеја најдобро покажува примерот на младо претприемничко трио од Њујорк кои за само три години успеале да ја рашират фирмата која денес вреди две милијарди долари и вработува 2500 луѓе.

Како што пишува Бизнис Инсајдер, на Мат Салзберг и Илиа Папас идејата за новиот бизнис им дошла во 2011 година кога сфатиле дека на пазарот недостасуваат нови состојки, нови рецепти и нови кулинарски техники кои би можеле да се пробаат дома.

Го основале стартапот „Blue Apron“ чија главна намена е понуда на нови рецепти и состојки за претплатниците, а се во договор со локалните фармери како храната секогаш би била свежа и актуелна, имајќи го предвид годишниот период.

BlueApron

Како приказната би ја заокружил со своето искуство во прехрамбената индустрија, двојката го повикала долгогодишниот пријател Метју Вадик, кој ја имал главната улога како експерт во познавање на храната.

До август 2012 година, тројката почнала со првите доставувања храна на Менхетен, а веќе две години подоцна доставувале милион оброци месечно, додека таа бројка денес достигнала неверојатни пет милиони оброци на месечно ниво.

И покрај големиот успех, еден од основачите на  „Blue Apron“ тврди дека тоа е само почеток. „Иако зад нас се три години работа, тоа е само почеток. Не сме ги направиле сегментите на работите кои сакавме, но нема никакви проблеми бидејќи имаме 10 до 15 години пред нас“, заклучува Салзберг.