19 Мај, 2024
0.0290

СО ФЛЕШЕРИ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ГО ФАТИЛЕ, НО БРЗО ГО ПУШТИЛЕ - чуден случј со синот на заменик министерот на МВР

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во инцидентот во петокот попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со образложение дека „станува збор за службен автомобил на СОЗР“.

Инцидентот за ТВ Телма го потврдиле полициски извори.

Од МВР на прашањето на ТВ Телма одговориле дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, Назиф Буши, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери, се движи побрзо од дозволеното, по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.

Кога при легитимирањето е откриено дека станува збор за функционерски син, полицајците кои го сопреле преку радио врска јавиле дека станува збор за владино возило од Службата за општи и заеднички работи. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле (позната на Телма) не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди.

И покрај се, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт