29 Април, 2024
0.0252

Со ГТЦ нема шала, дели дивиденда и во децимала!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Државниот ГТЦ лани заврши со добивка од 20.000 евра која не е ерезултат на оперативното работење туку на финансиските приходи на компанијата. И таа добивка државното претпријатие за стопанисување со деловен простор одлучи да ја земе како дивиденда. Со тоа ГТЦ стана прво акционерско друштво што подели дивиденда во децимала односно пониска од еден денар по акција!

Градски трговски центар „ГТЦ“ ќе подели 0,61 денар дивиденда по акција, ова е одлучено на последното акционерско собрание на кое доминантниот сопственик Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор во државна сопственост поседува 97,56 отсто од акциите со право на глас. За прв пат во нашата дваесет годишна акционерска историја се случува компанија да подели дивиденда чиј износ е во децимала и е понизок од еден денар за акција! Дивидендата е во бруто износ и реално тој износ ќе биде за 10 отсто. Регистарот на ЦДХВ покажува дека ГТЦ има 128 домашни акционери физички лица кои ќе поделат 1 отсто од дивидендата која во вкупен бруто износ е 20.000 евра.

Одлуката за распределба на дивиденда е донесена на 30 јуни на акционерското собрание. При тоа е одлучено нераспределената добивка за лани да се распредели и тоа: 59.334 денари за задолжителната законска резерва и останатите 1,127 милиони денари за дивиденда. ГТЦ има 1.846.325 акции со право на глас што значи дека секоја акција носи 0,61 денар дивиденда.

Како лани работел ГТЦ?

Извештајот на независните ревизори во кои се содржи билансот на успех покажува дека бизнисот на ГТЦ лани паднал во однос на 2015 година. Вкупните приходи се 197,8 милиони денари и се за 14,5 милиони денари пониски од 2015 година. Значајна расходна ставка на ГТЦ се трошоците за вработени кои лани биле 79 милиони денари, а вкупните трошоци биле поголеми од приходите. ГТЦ лани годината ја завршил со загуба од оператвино работење во износ од 25,8 милиони денари.  За споредба и во 2015 година компанијата завршила со оперативна загуба, но таа била три пати пониска од ланската! И лани главна дејност на ГТЦ била инвестициско и тековно одржување на деловниот простор во центарот на главниот град. Структурата на приходи покажува дека лани од кирии ГТЦ наплатил помалку од 700.000 евра, а од одржување наплатил 2,5 милиони евра.

Благодарејќи на приходите од финансирање кои изнесуваат 27,76 милиони денари компанијата ја покрила оперативната загуба и успеала годината да ја заврши со добивка од 20.000 евра. Во паричниот тек пишува дека лани компанијата вложила еден милион евра во набавка на недвижности, постројки и опрема.

Што вреди во ГТЦ ? Колку пари чува во банките?

Билансот на состојба покажува дека некогашната трговска гордост на Скопје и на Македонија во банки чува речиси 5 милиони евра! На крајот на 2015 година тие пари изнесувале 320 милиони денари и биле за 18 милиони денари повеќе од парите што се чувале на крајот на минатата година. Лани од камати на своите депозити ГТЦ имал прилив од 20 милиони денари дури 7 милиони денари повеќе од 2015 година. Лани ГТЦ на своите акионери им исплатил дивиденда во износ од 2,45 милиони денари.

Од билансот се гледа дека ГТЦ нема значајни долгови кон добавувачи и доверители и тие изнесуваат околу 600.000 евра. Наспроти тоа ГТЦ побарува 1,6 милиони евра на крајот на ланската година

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка