27 Април, 2024
0.0269

Со иновации до решавање на загадувањето во воздухот во урбаните средини

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Фонд за иновации и технолошки развој од денес 3 ноември до 30 ноември започнува „О2 предизвик“ – јавен повик за финансирање на проекти за намалувањена загадувањето на воздухот.

„Овој повик се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга, процес или методологија која ќе помогне во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. Во реализација на проектите охрабруваме вклучување и на НВО сектор и академска заедница, за што компаниите -апликанти ќе бидат посебно вреднувани преку критериумот – проектен тим. „О2 предизвикот“ е дел од новите иницијативи во работењето на Фондот, меѓу кои и примена на иновации во јавен сектор“ – вели Јован Деспотовски директор на „Фондот за иновации и технолошки развој“.

„О2 предизвикот“ бара решение/ја во една од следниве области: Користење на енергија за греење, Транспорт и мобилност и Градежништво и урбани алтернативи.

Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што e нова услуга за граѓаните, нов ефикасен и еколошки производ, поефикасна јавна услуга или пак промена на однесувањето на граѓаните.

Вкупниот буџет за О2 предизвик изнесува 6.000.000 денари. Наградувањето ќе се врши согласно со рангирањето на предлог – проектите сé до исцрпување на вкупниот износ на буџетот. Оценувањето, селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор на победници, се врши од страна на Комисија за оценување и избор.

Повеќе информации за повикот на следниот линк www.fitr.mk/O2predizvik;

Во реализацијата на „О2 предизвикот“ се вклучуваат и Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и партнер организации и експерти.

Инаку О2 предизвик претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој за примена на иновации во јавен сектор. Во подготвителна фаза се натрпевари и предизвици и во други области, пред се во образованието.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“