27 Април, 2024
0.0598

Со лотарија до Американски сон: Требало да го пријави другарот, на крај тој добил зелена карта

Објавено во: Стил 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Економистот за туризам од Пожега (соседна Србија)  Иван Живановиќ (29) веќе три години живее во САД, каде, како што вели отишол целосно непланирано. Поточно, неколку месеци пред да купи карта за Њујорк станал свесен дека ќе ја напушти својата земја. Сепак, пред авионската, добил пресудна зелена карта, односно бил извлечен во познатата лотарија за трајна работна и престојна дозвола во САД. За таа привилегија се пријавуваат повеќе од милион кандидати а ја добиваат само 50 000.

Знаејќи дека добро зборува англиски јазик, бидејќи работел во една американска фирма во Белград, есента во 2012 година неговиот пријател го замолил да го пријави за овој баран конкурс. Иван го посетил официјалниот сајт да се запознае со формуларот и од љубопитност го пополнил и испратил свои податоци. Другарот кој му ја дал идејата го повикал после неколку дена кај него дома за да заедно и него го уфрлат во барабанот, меѓутоа, по онаа старата „не за кој е наменето, туку за кој е судено“, среќата прво му се насмевнала на Иван.

„Кога се најдовме кај него, сфативме дека рокот истекол пред два дена. Што се однесува на мојата пријава, јас на неа и заборавив бидејќи, како што реков, се сѐ случи од љубопитност, без никаков план. Во мај 2013 година, додека ги средував папките во компјутер, влегов на сајтот кој го имав забележано, едвај ја најдов шифрата да се логирам и гледам порака во која пишува дека сум извлечен на среќа. Тука беа и дополнителни инструкции околу тоа кои документи треба да ги соберам. Во тоа време работев како туристички водич и имав некои студентски работи, а за патување во САД размислував само преку програмата  work & travel – се сеќава Иван и додава дека учеството во оваа лотарија не се плаќа и дека поради злоупотреби, известувањата не се добиваат по меил, како и дека единствен официјален сајт е оној кој завршува со .gov.

Убавите вести стигнале после извлекувањето кое било на 1 мај. Симболично баш тој ден, но во 2007 Иван почнал да се забавува со сегашната сопруга Бранка. Се сеќава дека процесот на одобрување, праќање документи и интервју траеле до зимата 2014 година, како и дека никогаш нема да го заборави 23 јануари кога отпатувал од аеродромот Никола Тесла.

„Родителите, брат ми и пријателите не сфатија веднаш дека заминувам. Ми велеа: Учествуваше на милијарда конкурси, па никогаш не бидна ништо-нема ни сега“. Меѓутоа пресудниот момент настанал пред да замине. Два дене не спиевме, а кога се собравме на аеродромот, атмосферата беше како некој да починал. Сите молчат, а пред да тргнам кон пасошката контрола Бранка и мојата мајка почнаа да плачат, а веднаш по нив и кумот, братми, татко ми. Седнав во авионот, ја забив главата во прозор и до првото претоварување во Виена плачев како мало дете...

Во Њујорк имал само еден познанинк, Владимир, другар од средно кој му испратил писмо и го примил во станот. И денес се цимери, но рамноправно ги делат трошоците.

„После завршената виша школа за физиотерапевт, тој отиде во Америка да работи во програмот work & travel, најде спортска стипендија и во рекорден рок за две и пол години, како студент на генерација заврши два смера  на тој колеџ. Сега работи во многу успешна компанија. Кога стигнав кај него, веднаш ми рече дека не морам да плаќам сметки додека не најдам работа и кога сега размислам, да не беше тоа, мислам дека ќе се вратев дома-се сеќава Иван.

Првата работа, која додуша ја работел само седум дена ја нашол во оглас на интернет после три месеци трагање. Ланец на месара во сопственост на војводинско семејство со потекло од Романија, имал потреба за работник за сечење месо и правење чварки. Еден од условите бил кандидатот да зборува српски јазик.

„Очекуваа зголемување на обемот на работа тие денови, но тоа не се случи, така да бев вишок. После тоа се запознав со уште некои наши луѓе и се вработив во еден бар.

Почнав од помошен работник кој отпакуваше пијалоци и пере садови, а потоа преминав во друг ресторан во кој сега е еден од главните шефови.

„На сите во барот им беше фантастично како убаво се снајдов со оглед на тоа дека никогаш не сум работел во ресторан. Како студент често бегав од тие работи, а еве во Америка со сила на приликата сум натеран тоа да го работам-искрен е Иван.

Пред да замине во САД Иван се верил со својата тогашна девојка, денес сопруга Бранка.

„Живеевме заедно и планиравме брак. Потоа се случи зелената карта и ние донесовме одлука да одам. Моја главна мотивација е да купам стан во Белград бидејќи претходно сметајќи сфатив дека во Србија, дури ни со плата над просек за тоа ќе ни требаат два животи. Минатата година се венчавме и направивме свадба во Пожега.

За да се досели кај него, на сопругата на Иван и треба американска виза, која сега ја чека. Немаат информација кога би можела да ја добие. Би сакале да го продолжат животот на југот од Америка или Србија. Би сакале децата да се школуваат во родната земја и таму да стекнат основни животни вредности, а подоцна ако сакаат, да студираат во Америка.

„Таму најмногу ми се допаѓа финансиската слобода, но често ми недостасува социјалниот живот, човечноста и душа. Ми фали возење со автобус бидејќи поради метрото често не го гледам денот. За да отидете со некој на кафе треба да се договорате месец дена однапред, за разлика откај нас каде тоа е од денес за денес.

Америка е исклучиво забавна земја и човек мора да биде психички стабилен . За жал запознав многу наши луѓе кои не успеале, отколку оние кои направиле нешто во животот, раскажува Иван за „приказни со душа“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти