26 Април, 2024
0.0247

Со малку пари и два велосипеди го обиколил светот

Објавено во: Стил 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Зоран Живлак од Нови Сад со малку пари и два велосипеди го обиколил светот. 

Тој е спортист и професор по географија. Ја видел убавината на сите континенти патувајќи со велосипед. 

Тој учествувал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а потоа посетил уште неколку светски познати спортски настани. 

За своите патувања професорот вели дека со велосипед е исто како да патува со килим. 

„Верувајте дека има толку многу убави места на нашата планета, така што би требало да се клонирам ако сакам да останам некаде. Патувајќи со велосипед имам можност да уживам во природата и во нејзината убавина. Сепак, не бев без луѓе, ги имаше оние обични кои ги сретнував по пат. Тие на таа убава слика и даваат посебна боја. Сепак, можам да кажам дека Јужна Америка најмногу ми се допадна како континент“ - објаснува Живлак. 

Раскажува дека едно од трите волшебни места е езерото Титикака кое ги дели Боливија и Перу. 

Тој патува сам, но вели дека не размислува на непријатни ситуации кои попат може да му се случат. Вели дека иако западна Африка важи за небезбедна, сепак него го нападнале во источна Африка, во Танзанија каде му украле торбица и фотоапарат. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти