Со меѓународна потерница ќе се бараат петмина осомничени за „крвавиот четврток“
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2017
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има информации каде се наоѓаат осомничените во собраниските настани oд 27 април, но се чека распишување потерница за да може да постапува.
„Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април“ - кажа Спасовски.
Тој рече дека за дел од нив, полицијата има информации каде се наоѓаат.