Со Министерството за здравство ќе раководи ДУИ?
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Промена во ресорот образование и здравство.
Ова го открива лидерот на ДУИ по вчерашните внатрепартиски долги консултации.
Ахмети вели дека не е разговарано за конкретни имиња кои ќе управуваат со ресорите во новата влада но дека ДУИ воглавно ќе продолжи да биде на чело на ресорите со кои раководеле досега.
Како што пренесуваат дел од медиумите промени ќе има во министерството за образование и министерството за здравство.
Ахмети посочил дека во новата Влада со министерството за здравство ќе раководи ДУИ.
Деновиве, најверојатно до петок се очекува да биде готов и новиот владин кабинет.