Со најавите за оданочување биткоинот во слободен пад
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2018
Најавата на властите на Јужна Кореја дека ќе ги оданочуваат луѓето кои тргувале со биткоини на специјализираната приватна берза за криптовалути драстично се одрази на пазарот.
Вредноста на биткоинот падна за неверојатни 12% во очекување дека ќе се зголемат владините регулативи. Според планот трговците со биткоин во Јужна Кореја ќе треба да платат данок од 24% на истргуваните суми за периодот од 2017 година.
Исто така стотина криптовалути бележат голем пад на вредноста следејќи го биткоинот кој е во слободен пад.