Добивај вести на Viber
Откако ја надмина компанијата Епл, Самсунг стана најпрофитабилна компанија за мобилни телефони во светот, се вели во извештајот на аналитички фирма” Стратеџи Аналитикс “.
Одделот на Самсунг за мобилни телефони генерира оперативен профит од 5,2 милијарди долари во вториот квартал од 2013 година. Во тој период се испорачани 386 милиони уреди, што е за 4% повеќе отколку во истиот период лани.
Самсунг има удел од 27,7 проценти во делот на мобилните телефони.