17 Мај, 2024
0.0295

Со прогресивниот данок се собираа пари за социјалците, а сега Царовска и Заев треба да бараат пари од друго место

Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика вели дека ќе продолжи финансирањето, односно спроведувањето на минималниот гарантиран приход со кој ќе се извлекуваат луѓето од сиромаштија и ќе се активираат на пазарот на трудот и покрај новонастанатата ситуација со која се замрзнува прогресивниот данок на доход чии дополнитени средства беа наменети за повисоките социјалните трансфери кои веќе се во практична реализација. Останува нејасно како долгорочно ќе се финансира овој социјален проект на Владата во континуитет кога беше директно врзан со прогресивниот данок, а наедно промовиран од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, премиерот Зоран Заев и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Замрзнување на прогресивниот данок во наредните 36 месеци и враќање на рамниот данок следува на половина година пред предвремените параментарни избори. Владата го образложи како мерка која не ги дала посакуваните резултати иако дополнителните средства од оваа фискална мерка беа насочувани за социјалните трансфери. Даночната реформа иако беше едно од главните предизборни ветувања на социјалдемократите, беше воведено со една година задоцнување, а не издржа ниту 12 месеци. Сега преку измени на Закон ќе се враќа старото решение на рамен данок односно целиот доходот ќе се даночи со 10 отсто, а не како досега до 1.500 евра со оваа стапка, а над оваа сума со 18 отсто.

„Ставањето во мирување на примената на прогресивното оданочување не ја загрозува исплатата на правата предвидени со социјалната реформа. Овие средства се претходно прокетирани во Буџетот и во ниту еден случај нема да биде донесена во прашање испалтата на надоместоците на корисниците на ГМП и останатите додатоци предвидени со реформата.Министерството за труд и социјална политика продолжува да работи на реформи кои значат социјална правда и благосостојба за сите граѓани“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика кој го добивме.

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот тим проценуваа дека со оваа даночна реформа ќе се соберат околу 25 милиони евра во буџетот со кои „ќе се финансираат мерки за намалување на сиромаштијата, односно за спроведување на минималниот гарантиран приход со кој ќе се извлекуваат луѓето од сиромаштија и ќе се активираат на пазарот на трудот“.

- СДСМ, всушност, презема мерки што ги преземаат само крајно десничарски влади. Само да потсетам, рамен данок со пропорционална стапка и за најбогатите и за најсиромашните, и во исто време многу ниска стапка, не овозможува соодветно финансирање, вели Никола Поповски, поранешниот социјалдемократски министер за финансии во чие време функционираше прогресивниот данок на доход.

Парите значат три пати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток. Четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.  Проектирано беше со олеснувањето на пристапот до детскиот додаток, ова право ќе можат да го остварат 73.500 деца, а додатокот за образование ќе им биде достапен на 64.316.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет