26 Април, 2024
0.0318

Со речиси половина милион евра ќе се подобрува работењето на НБРМ

Објавено во: Финансии 07 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Европската централна банка во партнерство со националните централни банки на евро-системот, го започна спроведувањето на проектот „Анализа на потребите на НБРМ“  во соработка со централната банка на Македонија.

Со „Деветмесечниот проект за анализа на потребите“, кој е финансиран од ИПА инструментот на ЕУ,  ќе бидат утврдени областите во кои НБРМ би можела да оствари напредок во текот на наредните години во поглед на постигнување на стандардите за централните банки во ЕУ.  Овие резултати ќе овозможат НБРМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, а потоа и кон евро-системот, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики или обука на кадарот. На состанокот партнерите во проектот се договориле за методологијата што ќе се користи при анализата на потребите, што ќе покрие десет различни области како сметководство, банкноти, економска анализа и истражување, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи и статистика, соопштија од  НБРМ. Проектот почна на 15 октомври 2012 година, ќе го спроведува ЕЦБ во партнерство со централните банки на Германија, на Естонија, на Ирска, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Австрија, Словенија и на Словачка. Централната банка на Бугарија, исто така, ќе обезбеди експерти за проектот. Проектот е финансиран од Европската унија, што додели 405.000 евра од Инструментот за претпристапна помош и НБРМ, која обезбеди 45.000 евра како кофинансирање.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат