17 Мај, 2024
0.0316

СО ШТРАЈКОТ ГО ГАЗАТ ПРАВОТО НА ДЕЦАТА НА ОБРАЗОВАНИЕ: Родителите бесни зошто сè е врз грбот на децата, за најмалите организираат „баби и соседи“

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

И денеска продолжува штрајкот на наставниците, учителите, воспитувачите, негувателките...сите кои се во просветата. Станува збор за речиси 25.000 вработени во овој сектор, кои бараат да има покачување на платите од отсто. Штрајкот продолжува и денска. Но, иако од СОНК велат дека и покрај тоа што штрајкуваат, децата во градинките се згрижуваат, како и дека учениците не се вратени дома, другата страна, односно родителите посочуваат дека мака мачат што да прават со нивните деца. Оние родители, на најмладите се организираат како знаат и умеат за да обезбедат згрижување, додека пак повозрасните ученици, кои сами може да седат дома, воопшто не одат во училиште и секако губат од наставно-образовниот процес.

-Немам избор освен и денеска да го оставам четиригодишното синче кај сосетката. Велат дека ги згрижуваат, но не е така. Јас морам да одам на работа, сопругот исто така, родителите мои не се во Скопје и ова е навистина сериозен проблем. Мора да се најде решение, зошто колку што гледам, штрајкот продолжува, ниту едните ниту другите не отстапуваат. Ако СОНК најавува кривични пријави за оние кои го попречувале штрајкот, тогаш мора да има и казни за оние не сакаат да ги згрижат нашите деца, луто појаснува Лилјана А. од Скопје.

Посебно бесни се родителите на школските деца. Велат дека во последниве две години, откако е актуелна и пандемијата на корона вирусот, образовниот процес во Македонија е сведен на „нула“.

-Отидоа вчера во училиште и се вратија веднаш дома. Што да ви кажам. Иако властите уверија дека во ниту еден момент штрајкот нема да се одрази врз децата, токму тоа се случува. „Ќе морале да се организираат за да има настава“, така беше кажано, но ништо од тоа. Еве и денеска се дома. И тоа во најкритичниот период од школската година. Синот има неколку четворки за поправање, ќерќата исто така. Навистина не знам како мислат да ги оценуваат, колку сето ова ќе трае, и колку и да ги поддржувам во нивните барања, сметам дека жртвени јагниња се секако учениците. Ништо не научија во изминативе две години. Како фати короната, ништо не се сработи. А да не ви зборувам колку злоупотреби имаше од страна на наставниците, се се на некакво боледување, корона, пост ковид, хронично заболување па мора да седат дома да се пазат, значи вистинска катастрофа. Ова ќе бидат генерации кои никогаш нема да го надополнат изгубеното, појаснува за Фактор Данка М, мајка на ученици во основно училиште во Скопје.

Од друга страна, пак, од Министерството за труд и социјална политика кое е надлежно за градинките велат дека тие по закон мора да работат и дека единствено можат да прекинат со работа само во случај на елементарни непогоди за што носи одлука основачот на градинката со претходна согласност на министерството.

Ресорната министерката, Јованка Тренчевса, во изјава за ТВ 24 посочи дека социјалниот дијалог продолжува и дека ќе се најде решение

-Верувам дека деновиве ќе имаме повторно средба со претставниците на СОНК и ќе најдеме решение кое што нема да биде на штета на стручниот кадар во градинките и на родителите, кои не успеаја денес да ги згрижат децата во градинките, изјави Тренчевска.

Заштитата на децата и нивните права останува да биде  високо на агендата на приоритети на Министерството за труд и социјална политика, велат од оваа институција.

И Министерот за образование Јетон Шаќири вчера изјави дека го почитува синдикалното право на штрајк, но според него, генералниот штрајк треба да биде последниот чекор за решавање на прашањето за платите.

На крајот оние кои страдаат во овие моменти се учениците. Барам во следниот период, денеска, утре, среда повторно да разговараме со СОНК за да се дојде до конечно решение. Ќе бидеме во комуникација, прво ќе треба да решиме да го прекинеме штрајкот, тогаш директорите на училиштата знаат со кои наставници учениците губеле, знаат кои часови се изгубени и најдобро ќе се справат со нив“, изјави Шаќири.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив