04 Мај, 2024
0.0277

Собранието заглави кај замениците министри-опозиционерите со намера да го блокираат носењето на закони?

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Законот за работни односи со кој се предлагаат измени со цел продолжување на породилното отсуство, разгледување на годишните извештаи на неколку институции како и изборот на заменици министри денеска се точки кои ќе се најдат на дневен ред пред пратениците.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ веќе неколку недели се без пратеничка група и прават се за да се одложи расправата за изборот на замениците министри кои ги предложи премиерот Заев.

Списокот на заменици министри беше поднесен минатата недела а опозиционерите се пожалија дека немале доволно време да ги разгледаат нивните биографии.

Од Собранието за дел од медиумите објаснуваат дека со ваков однос на седниците пратениците од ВМРО ДПМНЕ покажуваат дека имаат стратегија и намера да ги блокираат собраниските седници со бесконечни процедурални забелешки. 

„Ако оформат пратеничка група, се знаат правилата. Процедурални забелешки и реплики може да да даваат само координаторите на пратеничките групи и евентуално нивните заменици. Така Собранието треба нормално да функционира. Но, ако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата останат индивидуални пратеници, секој од нив ќе има право да дава процедурални забелешки за сè и сешто, да реплицира и контрареплицира кому сака и за што си сака, што е одлична можност да се блокира носењето на законите во Собранието. Бидејќи, во таков случај на пратеник-индивидуалец, претседателот на Собранието нема да може да не му даде збор или да му ускрати право на реплика, процедурална забелешка и останатите права што би ги имал само нивниот координатор“, појаснуваат од Собраниските служби за порталот сакамдакажам.мк.

Спикерот Џафери досега неколку пати ги повикуваше пратениците да формираат пратеничка група.

Пратениците ќе разгледуваат годишни извештаи, ќе дебатираат и за изменување на Законот за работни односи

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин