26 Април, 2024
0.0311

СОГОЛУВАЊЕ НА ДУШАТА: Затворски дневник на еден новинар!

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

„Живот во кутија“ – така ја нарече својата книга новинарот, Томислав Кежаровски, во која ја опишува голготата низ која поминал додека беше седум месеци во затворот во Шуто Оризари. Кутијата е синоним за ќелијата од осум метри квадратни која ја делел со тројца други цимери.

Со многу емоции и солзи присутните на вчерашната промоција на книгата ги слушаа извадоците од ова потресно сведоштво на Кежаровски, кој во детали ги опишал своите мисли, чувства, стравувања, копнежи по своите најблиски.

Кежаровски во книгата ја соголил својата душа, за да може на сите кои ќе ја прочитаат да им долови низ какво страдање поминал додека го апселе пред очите на неговата малолетна ќерка, додека бил затворен во ќелијата во Шутка, кога го носеле на судењата, кога протестирал со глад.

– Ме повредија, ми го повредија семејството и заради нив изгубивме близок член на семејството. Не сум одмаздољубив човек, но никогаш нема да заборавам и да простам – рече Кежаровски.

Томислав Кежаровски накратко раскажа како од него обвинителката која го водела случајот „Ликвидација“ барала да пропее и како при судскиот процес била нерамноправна борбата.

-Јас го имав најдобриот адвокат, Филип Медарски, но нарачателите ги имаа судиите. Во рингот бевме пет спрема два, рече Кежаровски.

На промоцијата на книгата беа неговите цимери од затворот, колеги новинари, професори, граѓански активисти, народниот правобранител Иџет Мемети, политичари, а дојде и премиерот, Зоран Заев.

– Тоа што го поминав во затворот беше морничаво патување. Четворица живеевме во 8 квадрати без да се караме за ништо. Ако можевме ние, во Македонија има простор за 2 милиони луѓе беспрекорно да живеат, рече на крајот новинарот Кежаровски.

Томислав Кежаровски рече дека се надева оти оваа книга ќе биде прва и последна напишана за затворски дневник на еден новинар и дека сите наредни книги ќе бидат за љубов, романтика, детски сништа и радости.

Случај „Ликвидација“

Новинарот Томислав Кежаровски беше уапсен на 28 мај 2013, кога рано утрото десетици вооружени специјалци го опседнаа неговиот дом и оттаму со лисици на рацете го одведоа пред истражен судија. Полицијата предводена од тогашната министерка Гордана Јанкулоска, случајот го нарече „Ликвидација“, а освен Кежаровски беа уапсени судии, адвокати и обвинители.

По неколку месеци, на 21 октомври 2013 беше изречена пресудата. Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, во кој беа обвинети лица за нарачано убиство на старец од истоименото велешко село.

Новинарите во Македонија и меѓународните новинарски здруженија реагираа на оваа казна, а тогашниот премиер Никола Груевски за висината на казната рече дека тоа било одлука на Судот.

-Случајот и пресудата за новинарот Томислав Кежаровски не е работа на извршната власт, таа е во надлежност на судската власт која е слободна и независна, изјави тогаш Груевски.

На 23 октомври новинарите одржаа протест за поддршка на Кежаровски, но беа брутално спречени од специјалците кои им ги испрати екс министерката Гордана Јанкулоска, за да ги спречи да се приближат до Музејот на македонската борба. Протестот заврши со палење на свеќи за помен на мртвата македонска демократија, а снимателите и фоторепортерите ги оставија камерите и фотоапаратите пред нозете на полицајците.

Затворската казна за Кежаровски беше споменувана и во извештаите на Американскиот Стејт Департмент, за кој тој беше политички затвореник. Апели за преиспитување на пресудата дојдоа и од Европската Унија.

Апелациониот судму ја намали казната затвор на две години и тој требаше да одлежи уште четири месеци, но поради влошена здравствена состојба на 20 јануари 2015 година, беше ослободен со условен отпуст.

Неодамна, судот во Велес донесе ослободителна пресуда за убиството на старецот во Ореше, случај за кој беше осуден Кежаровски дека открил идентитет на заштитен сведок. Во пресудата пишува дека заштитениот сведок не бил заштитен, туку лажен сведок.

Кежаровски на вчерашната промоција на „Живот во кутија“ рече дека случајот „Ореше“ бил параван за да го осудат. Тој вели дека го затвориле затоа што „и` брцнал во око на тогашната власт“.

Кежаровски денеска е слободен човек, но ќе остане запаметен како новинар осуден за пишан збор, а со неговата пресуда беше осудено целото новинарство во Македонија.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо