17 Мај, 2024
0.2446

СОЛЕНИ СООБРАЌАЈНИ КАЗНИ: Ако патувате на море преку Бугарија, Грција, Македонија …внимавајте!

Објавено во: Стил 01 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија е избор за сите српски туристи кои одат кон Халкидики, олимпискиот регион, Крф, Кефалонија, Парга...За пат преку Бугарија се определуваат оние кои летуваат на Тасос, Кавали, Аспровалта..

Препораката на српското Министерство во Грција да патуваат преку Бугарија, многумина ги чинела по 150 евра, бидејќи соседите ги заострија контролите на патиштата.

Од Белград до Солун има 634 километри, од кои 504 се возење по автопат. Благодарение на тоа преку Македонија брзо се поминува, иако километражата е поголема отколку преку Бугарија.

Затвор за пијаници

За одредени сообраќајни прекршоци во Бугарија возачите ризикуваат дури и затворска казна. Така за возење со повеќе од 1,2 промили алкохол казната со која може да се соочите е затвор до една година. Казна за паркирање на недозволено место е пет евра. Ако во крвта ви е најдено 0,5 - 1,2 промили алкохол, можно е одземање на дозволата од два до 12 месеци.

Гужвите се големи и патиштата се ограничени со брзина на 40 км на час. Нашите граѓани немале поголеми непријатности, освен големи загушувања за време на викенд кога граѓаните на Софија тргнуваат на плажите. Зачестени се и контролите на брзина во сообраќајот и најчеста казна за пречекорување на брзината е  150 евра-раскажуваат туристи.

Еве како се движат цените на казни доколку прекршите сообраќајно правило.

Македонија:

-незапалени светла - 15 евра

-појас -40 евра

-телефонирање-40 евра

-пречекорена брзина -45 евра

-претекнување на полна линија -300 евра

Бугарија:

-Појас-25 евра

-телефонирање -25 евра

-брзина над дозволената-25 евра

-непрописно паркирање - 5 евра

Грција

-Појас- до 300 евра

-Телефонирање-до 100 евра

-Надмината брзина -40 евра