Солзите на еден спасител по ново бомбардирање во Сирија (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2016
Потресно видео од спасувачките активности во сирискиот град Идлиб по уште едно бомбардирање трогна милиони корисници на социјалните мрежи, пишува весникот „New York Post“.
Спотот покажува како еден од спасувачите вади бебе под урнатините на зградата и почнува да рони солзи.
Детето преживува откако помина повеќе од два часа под урнатините.