СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКА, од утре благ пад на температурите
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022
Денеска не очекува сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Максималната дневна температура според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе достигне 24 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Температурата се очекува најмногу да достигне 20 степени Целзиусови.
- До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени - посочуваат од УХМР
Во среда исто така не очекува претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот од север ќе се прошири облачност. Максималната температура ќе се движи до 25 степени.Слично време не очекува и во следните денови, со благ пад на температурите. Во и петок четврток максималната се очекува да достигне 21 степен, не очекува претежно сончево време со повремена мала локална облачност.