02 Мај, 2024
0.0265

„Sony“ тврди: Не преминувајте на „Windows 10“!

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Сони минатата година со инвестициониот фонд во „Japan Industrial Partners“ го продаде одделението на пресонални комјутери Vaio, но сепак продолжи да им дава поддршка на корисниците кои порано имале купено некој од нивните уреди.

Јапонската компанија Сони на својата официјална страница објави известување за нивните корисници да не ги надоградуваат своите копјутери со „Windows 10“.

Windows 8 1

„Не го надоградувајте вашиот оперативен систем сеуште.  За да би биле сигурни дали вашиот Vaio лаптоп ќе работи на Windows 10 оперативниот систем, ви препорачуваме да почекате со надоградба додека сите управувачки програми не бидат спремни за ваше користење“, стои на официјалната интернет страница на Сони за корисничка подршка.

Компанијата воедно објави декаи власниците на Vaio копјутери кои дошле со инсталиран Windows 8, надоградувања ќе добијат во текот на октомври, додека оние со Windows 8.1 оперативен систем, новата верзија ќе ја добијат во ноември оваа година. За сопствениците на компјутери со верзијата на Windows 7, надоградувањата ќе бидат достапни кон крајот на август.