03 Мај, 2024
0.0242

„Sony Z5 Premium“ ќе чини 800 евра во Европа

Објавено во: Стил 06 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

„Sony“ откри детали за цената на новите смартфони кои беа претставени пред неколку дена и тие сосема не се ниски. Ова сепак секогаш било карактеристично за предводникот на јапонската компанија.

Цените за Европа стартуваат од 599 евра за „Xperia Z5 Compact“, поминуваат низ 699 евра за „Xperia Z5“ и достигнуваат до 799 за „Xperia Z5 Premium“.

Според сајтот „Xperia Blog“ во Англија најниски цени за моделите се 439, 525 и 629 фунти, а официјалните цени во продавница на Sony се 549, 599 и 699 фунти.

Сеуште не е јасно колку ќе чинат смартфоните во Македонија, но очекуваме цените тука да се малку повисоки од европските.