19 Мај, 2024
0.0245

СООБРАЌАЈ: Ново намалување на максималната брзина на возење

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Енормното загадување на воздухот, Градот Скопје вчера напладне почна да ги прска улиците со калциум магнезиум ацетат.

Oва средство ги прави коловозите лизгави, па затоа брзината на возење наместо на 50, сега е намалена на 40 километри на час.

За оваа цел се поставени и сообраќајни знаци кои треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот за лизгавите коловози.

"За прв пат ги прскаме улиците со средството. Улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, како и булеварот Свети Климент Охридски се избрани бидејќи во нивна близина се наоѓа мерната станица за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина. Така најлесно ќе може да се споредат резултатите пред и по прскањето", рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Средството е еколошки производ, биоразградливо, не предизвикува оштетувања на возилата и не е штетно за околината.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“