СОПСТВЕНИЧКАТА ВО ШОК: Чиј е автомобилот што вечерва заврши во водите на Вардар?
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2017
Актерката Весна Петрушевска е во шок. Нејзиниот автомобил попладнево се најде во водите на Вардар, а како, таа нема поим.
Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ ја паркирала колата под мостот и влегла во театарот.
„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.
Според последните информации, автомобилот е изваден од реката.