Сорос играше фудбал во кабинетот на Груби
Објавено во: Македонија 17 Март, 2023
Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, вчера објави дека му бил домаќин на американскиот филантроп и потпретседател на Фондацијата „Отворено општество“, Александар Сорос.
Груби на социјалната мрежа сподели неколку фотографии од вчерашната средба, при што на едната од нив синот на Џорџ Сорос шутира кон голчето кое министерот за политички систем го има во својот кабинет.
„Пријателски разговор за актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и потпретседател на Фондацијата „Отворено општество“, г. Александар Сорос“, напиша Груби на социјалните мрежи.
Изминатиот период Груби предизвика негативни реакции во јавноста со објавеното видео и фотографии како со преостанатите министри од ДУИ игра фудбал и кошарка во својот кабинет.