26 Април, 2024
0.0282

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Возачи внимателно кај овие патни правци

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Ширум државата се вози по речиси влажни коловози, сообраќајот е отежнат и во прекин се повеќе патни правци.

Од Авто мото сојузот на Македонија ги предупредуваат возачите да бидат внимателни и со прилагодена брзина да се движат кон местата каде што се изведуваат работи на пат.

Од утрово од 06:00 часот во целосен прекин е патниот правец Маврово- Дебар поради  снежна лавина кај манастирот Бигорски а патниот правец кај Ѓавато е нормализиран од 07 часот.

 Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Струга - г.п. Ќафасан, Струга - Дебар, крак Маврово - Дебар, крак Стража - село Колари - Кичево, како и на планинските премини Пресека и Буково. На патниот правец Тетово - Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. 

Правецот кој Македонија ја поврзува со соседна Бугарија, односно Кочани- Македонска Каменица и денес ќе биде блокиран поради минирање и отстранување на големите одрони.

Поради тоа се ористи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица. 

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката