29 Април, 2024
0.0264

Состојка во циметот штити од рак на дебелото црево

Објавено во: Стил 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Циметот е третиот најраспространет зачин во целиот свет, а исто така е користен со векови како додаток на пијалоци, главни јадења или вечера.

Новото истражување покажува дека состојка во циметот може да го заштити човек од развивање на рак на дебелото црево.

За лековитите својства на циметот се знае со години и се широко застапени во традиционалната медицина на голем број народи.

Циметот е антиоксиданс кој му помага на организмот да ги исфрли слободните радикали, а истовремено има и анти-воспалителни својства.

Со години во источната медицина го користат циметот како средство за намалување на ризикот од срцеви заболувања, а во западниот - се врзува најмногу со нејзиното својство дека го намалува шеќерот во крвта во организмот.

Научниците од Универзитетот во Аризона од Институтот по фармација и рак ја разгледале врската помеѓу конзумирањето на цимет и развивање на рак на дебелото црево.

Тие утврдиле дека состојката во циметот - cinnamaldehyde која е задолжена за специфичниот вкус и мирис на циметот, е многу корисна за човечкиот организам.

Научниците го истражувале влијанието на циметот на глувци, накои им давале храна збогатена со зачин.

Резултатите биле категорични. Благодарение на алдехид клетките на циметот,  успеале да ги неутрализираат токсичните материи и да се обноват.

"Тоа е значително откритие, бидејќи ракот на дебелото црево е многу агресивен и се поврзува со погрешни предвидувања. Постои итна потреба од развивање на успешни стратегии за борба против оваа болест", сподели шефот на истражувањето.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти