03 Мај, 2024
0.0262

СОВЕТ: Како да ја пронајдете вистинската работа за вас!

Објавено во: Стил 08 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Луѓето денес не очекуваат на работа само да добијат пари, туку и смисла и задоволство. Со оглед на тоа дека луѓето многу време поминуваат на работа можни се кризи и затоа многу тактички се бираат работите според типот на личноста.

Ова се шест почетни чекори на животната школа The School of Life и водат кон работа која ви одговара вам и поради која нема да се чувствувате непријатно секојдневно.

1. Прифатете дека е нормално да бидете збунети околу изборот на работа

Во прединдустрискиот период постоеле околу 2000 занимања. Денес ги има околу половина милион. Така што многу лесно може да се случи од нервоза и преголем избор да не избереме ништо. Научниците тоа го нарекуваат „парадокс на изборот“.

2. Запознајте се себе си

Основата е психологија. Не можеме спонтано да знаеме со што сакаме да се занимаваме. Не постои предодреденост која ја добиваме со раѓањето која ни говори дека ќе бидеме сметководител или фризер. Сепак, кога немаме план ние сме водени од страна на оние кои го имаат. Запознајте се себе си и преиспитајте се. Не дозволувајте парите да застанат пред вашиот интерес. Ставете на хартија се што сакате да работите и немојте да калкулирате или да бидете критички настроени. На тој список може да се најде се, од правење куќи на дрво до свиткување облека. Во тој список се крие идеалната професија за вас.

3. Многу размислувајте

Животниот повик не се избира преку ноќ и во ред е овој процес да потрае со месеци. Вложете труд како не би ја доживувале работата како робија или производ на вашата одлука од студентските денови. Посветете се на тоа од се срце.

4. Обидете се нешто

Не треба само да замислувате како изгледа да работите на некое место. Така нема да имате увид во реалноста. Обидете се да соберете повеќе информации за таа работа и луѓе од таа бранша. Пријавете се на пракса или волонтирајте таму.

5. Мислете за тоа што луѓето ги прави несреќни

Секој стрес на друго лице е работна шанса за нас. Така каде застанат другите ние можеме да ја најдеме нашата шанса да тргнеме и да служиме бидејќи тоа е работата. Пронајдете ги туѓите потреби како би започнале сопствен бизнис. Бидете иновативни и креативни.

6.Имајте самодовреба

Самодовербата може да биде главна разлика кога се гледа на успехот и неуспехот. Луѓето кои имаат самодоверба ќе имаат повеќе успех од другите. Тие не сметаат дека само одредени луѓе можат да имаат високи функции. Веруваат во себе и знаат колку вредат.