06 Мај, 2024
0.0235

СОВЕТ: Збогатете се со помош на една античка приказна

Објавено во: Стил 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Да се збогатиш не е толку тешко - сето тоа започнува со почитувањето на еден многу едноставен концепт: „Плаќај си прво на себе“.

Тоа барем е заклучокот кој може да се направи од класичната финансиска книга The Richest Man in Babylon ("Најбогатиот човек во Вавилон), колекција од приказни од 1926 година. Во една од нив се раскажува за Аркадија - синот на скромен трговец, член на големото семејство, кој се сметало дека немал речиси никакви шанси да се збогати. Тој, сепак станува најбогатиот човек во древен Вивилон, следејќи ги советите на богатиот Алгамиш кој подарувал кредити. Еден ден, група пријатели на Аркадија го замолиле да им даде совет. Тие го прашале како станал толку богат и како тие можат да го достигнат неговиот успех.

323(6)

Аркадија им го кажувал она што некогаш му го рекол Алгамиш: "Важно е да заштедите пари, пред да ги потрошите. Тоа е многу подобро отколку да штедите пари, кои потоа ги заборавате„...“Кажете си го следново - “дел од она што го заработувам, можам да го задржам за себе“. Кажете си го тоа наутро кога станете. Кажете си го навечер. Кажете го во текот на ноќта. Кажувајте го секој час и секој ден. Кажувајте си го постојано додека овие зборови не се запишат како оган на небото“, советува Аркадија.

Поконкретно Аркадија ги советувал пријателите да издвојат најмалку 10% од она што го заработуваат. Се разбира, секој може да резервира таков процент кај го смета за најсоодветен. Важно е сепак таа сума да се резервиран постојано, секој месец, без изговори.

Со растот на издвоени пари вие ќе сте се постимулирани. Нова радост во животот ќе ви се отвори и ќе ви дава неостварен елан кон уште подобри резултати. Ќе вложувате поголеми напори да заработувате повеќе. Штом распределбата на 10% од приходот ви стане навика, насочете ги овие средства кон акција. Аркадија ги советувал своите пријатели следново: „Потоа научете се на тоа да направите така, што вашето богатство да почне да работи за вас. Направете го ваш роб. Направете неговите деца и нивните деца да работат за вас ... Инвестирајте во богатство со огромно внимание, да не го загубите“.