04 Мај, 2024
0.0265

Совети: Како да ги отстраните бактериите и лошата миризба од чевлите?

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Чевлите, домашните папучи, патиките по целодневно носење неминовно порано или подоцна стекнуваат непријатна миризба, поради бактериите кои се размножуваат во топла и влажна средина од потта.

Но не станува збор за лоша хигиена на рацете и нозете, а за контактот помеѓу чевлите и потта, што создава совршена средина за бактериите. Мирисот на чевлите е доста непријатен и може да го натера секој човек да се чувствува непријатно, особено на јавно место во топла просторија.

Мирисот е предизвикан од бактериите, кои имаат потреба од топла и влажна средина. За да го отстраниме непријатниот мирис, треба да ги претвориме чевлите во средина која не е погодна за развој на бактерии.

Главната причина за појава на непријатна миризба е потењето на нозете, што помага за развојот на бактериите. Затоа е потребно да вложуваме секојдневни грижи за нозете - редовно и темелно да ги переме и сушиме, дури и да сме биле целиот ден дома само по апостолки.

Ако страдате од прекумерно потење на нозете пред да се облечете посипете ги стапалата со пудра која ќе ја апсорбира влагата.

За да го намалите или отстраните непријатниот мирис не треба да ги фрлате чевлите или да ги уништувате со алишта.

Спасот против непријатниот мирис во чевлите се наоѓа во вашиот дом.

Еве три експресни и ефикасни совети против непријатните мириси на чевлите:

1. Во внатрешноста на чевлите ставете сода бикарбона против мирисот и оставете да отстои цела ноќ. Утрото исчеткајте го и истресете го правот и од непријатниот мирис нема да има ни трага.

сода

2. Ако сакате дополнително да ги освежите чевлите, во шише со распрскувач измешајте алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал и напрскајте ја внатрешноста на чевлите. Оставете ги на суво место додека се исушат целосно.

масло

3. Во памучни чорапи ставете пченкарно брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и ставете ја чорапата во чевлите кои имаат непријатен мирис. Оставете да отстои една ноќ, а наутро чевлите ви бидат како нови.

брашно